Владејачката ВМРО-ДПМНЕ остро ја нападна опозицската СДСМ дека со своето политичко однесување се додворува на источниот сосед, со намера да дојде повторно на власт. Во партиското соопштение што го дистрибуираа до јавноста денеска стои дека “Филипче постојано повторува дека подобра преговарачка рамка немало. Но токму таа преговарачка рамка е она што ја држи државата заглавена пред вратата на ЕУ. Филипче препишува од тетратката на Румен Радев и на Петрова Чамова и ја повторува тезата дека бугарското барање е европска позиција а не билатерален спор.
Потоа се жали по јавни настапи дека некој му го урнал угледот, никој не му го урнал ниту нему ниту на СДС, освен тие самите преку стабри здравство и марихуана економија. Па сега после сите капитулантски договори, Филипче најавува и нов мастер план.
Мастер планот на Филипче е да дојде на власт по секоја цена, да им го исполни барањето на Бугарија со впишување Бугари во Уставот и да го заврши она што го почна Заев.