Како да изберам осигурување со кое најдобро ќе ги заштитам семејството и имотот?

by fokus

Животот е исполнет со бројни предизвици и ризици. Дел од нив не можат да се предвидат, но можат да се намалат економските штети од несаканите настани. Даниел Паришко, раководител на секторот за прием во осигурување во СН Осигурителен Брокер АД Битола објаснува од кои критериуми осигурениците треба да се водат за да направат најсоодветен избор на осигурување.

– Како осигуреникот да избере осигурување кое најсоодветно одговара на неговите потреби?

Паришко: При изборот на осигурување најдобро е да се консултирате со лиценциран брокер, кој согласно Вашите потреби ќе Ви понуди најдобра опција и ќе Ви изработи полиса која ќе ги задоволи Вашите барања. При изборот на осигурување важно е дефинирање на ризиците кои ќе бидат покриени во полисата за осигурување, како и изборот на најдобра осигурителна компанија со финансиска стабилност и исплата на штети.

-Дали може со еден пакет да се обезбеди осигурување и на семејството и на имотот?

Паришко: Домот е место каде што сите ние треба да се чуствуваме спокојни. За таа цел во 2019 година го креиравме најсеопфатниот пакет за осигурување на имотот и членовите на семејството СН ДОМ. Пакетот покрива 18 ризици, што е рекорден број за еден пакет за домаќинско осигурување, започнувајќи од пожар, удар од гром, експлозија, град, луња, поплава од внатрешни инсталации, паѓање на воздушни летала, удар од сопствено моторно возило во градежен објект, провална кражба и разбојништво, кршење на стакла во домот, осигурување од незгода на сите членови во семејството, приватна одговорност итн…

Исто така, го препорачувам приватното здравствено осигурување, со кое се добива најквалитетна здравствена услуга во приватните болници и се избегнува чекањето за слободен термин во јавните здравствени установи. Раното откривање на здравствените проблеми и точната дијагностика обезбедуваат навремена нега и грижа за нашето здравје. Истото е дотолку позначајно во услови кога болничките трошоци во приватното здравство се високи. Со приватно здравствено осигурување побезгрижно можеме да се лекуваме во приватните болници, затоа што осигурителните пакети предвидуваат покривање на значаен дел од трошоците направени за користење на здравствени услуги. Тоа е овозможено со пакетот SN Eurohealth, достапен во СН Осигурителен брокер за само 515 денари месечно.

ПР текст

Поврзани новости