Како 21-годишник имал пристап до строго доверливи документи?

by Fokus

По апсењето на Џек Тешер, припадник на воздушната национална гарда на Масачусетс, под сомнение дека е поврзан со истекување на доверливи податоци на американско воено разузнавање за војната во Украина, се поставува прашањето како е можно толку низок припадник на војската да имал пристап до строго доверливи документи на Пентагон.

Одговорот на ова прашање се обиде да го објасни на CNN, Џек Милер, аналитичар за правни и разузнавачки прашања.

Протечените документи содржат детални разузнавачки проценки и на украинската и на руската војска, како и на оние на другите вклучени во војната во Украина.

„Морате да разберете колку се потпираме на младите луѓе во војската на кои им даваме чувствителни работни места. Џек Тешер работел во разузнавачкото крило на Воздушната национална гарда. Тоа е витална и многу чувствителна работа. Тие управуваат со дронови кои летаат на т.н ISR (Intelligence Surveillance) мисии за поддршка на нашите воздухопловни сили во места како Ирак, Авганистан, Сирија каде што поддржуваат тимови за специјални операции кои можат да бидат распоредени во која било доверлива мисија“, објаснува Џек Милер.

„Ова значи дека на таквите единици им треба широк пристап до разузнавачките информации и анализи за да можат да се вклучат на повеќе локации против повеќе закани. Нивната втора мисија е да собираат разузнавачки информации во онлајн зоната, што всушност е уште поширок дел од работата од првата“, рече аналитичарот.

„Ситуацијата е многу едноставна: повеќето од луѓето што се пријавуваат за воен рок се млади. Во армијата имаат мисија да исполнат, но и да учат и да напредуваат. На повеќето од нив може да им се верува и се верни на заклетвата што ја дадоа. Меѓутоа, во армијата пристигнуваат припадници на човечката раса, па во неа ќе влезат и Едвард Сноуден и Челзи Менинг. Оние други луѓе кои ќе дадат заклетва и потоа ќе ги фатиме, освен Сноуден кој избега, треба да платат значителни затворски казни“, заклучува Милер.

Поврзани новости