Поп музичарот Даниел Кајмакоски (39), кој по втор пат се ожени на почетокот на годинава, со избраничка чие име го крие, но се почесто објавува нивни заеднички фотографии, откри дека со неа го разбрал вистинското значење на љубовта.
-Кога ќе ја пронајдете личноста која ќе ве ослободи од тежината и болката на животот, ќе го разберете вистинското значење на љубовта, објави тој покрај заедничката фотографија со втората сопруга.
Музичарот пред тоа беше во брак со моделот, а од пред неколку години и пејачка Кристина Димитри со која го добија синот Давид.
Нивниот развод се случи пред околу три години, по што синот остана да живее со Кристина, додека Даниел се пресели во Белград.
Во интервју за ,,Фокус” таа раскажа дека целосно му е посветена на Давид, и благодарна што ја има поддршката од своето семејство во неговото одгледување.
За Кајмакоски изјави дека за неа е завршена приказна и додека биле во брак таа сосема се повлекла од јавниот живот.
-Како што на секој човек му посакувам се најдобро, така се најдобро му посакувам и на мојот поранешен сопруг со новата партнерка. Разводот е документ кој убаво појаснува дека една приказна завршила – изјави таа.
Пред две недели пак, откри дека започнала соработка со шоуменот и музичар Игор Џамбазов, кој и напишал песна поврзана со нејзиниот живот, а која наскоро ќе ја промовира.
Вики Клинчарова