Кајмакоски чека син со новата сопруга чие име се уште го крие од јавноста

by fokus

Поп пејачот Даниел Кајмакоски чека син со новата сопруга со која се венчаше на почетокот на годината, но чие име се уште го крие од јавноста.

Ова ќе биде второ дете за музичарот, кој веќе го има синот Давид кој го доби во првиот брак со поранешната мисица, а денес пејачка Кристина Димитри.
Веста дека го очекува раѓањето на нивното момче тој ја објави на социјалните мрежи, покрај фотографија со бремената сопруга.

-Кога љубовта се претвора во живот, среќата добива едно име… Го чекаме нашето мало момче- напиша Кајмакоски.

Музичарот кој и стана познат на јавноста по учеството и победата на регионалното музичко шоу ,,Икс Фактор” изминатиот период живее во Белград. По потекло е од струшко Мислешево, а со семејството долги години живеел во Австрија. Неговиот татко Павле Кајмакоски исто така се занимава со музика, и во минатото често пати учествуваше на фолк фестивали во земјава.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости