Каја Калас: По НАТО, би сакале да ѝ посакаме добредојде на Северна Македонија и во ЕУ!

by Fokus

Премиерката на Естонија, Каја Калас по денешната средба со македоскиот колега Димитар Ковачевски ја изрази цврстата поддршка за евроинтеграцискиот процес на земјава.

„Задоволство ми е да му посакам добредојде на премиерот Ковачевски во Естонија на неговата прва посета тука.

Северна Македонија и Естонија се добри пријатели и истомисленици партнери во НАТО, и ние би сакале да и посакаме добредојде и во Европската Унија. Ние сме силни поддржувачи на Северна Македонија и се надеваме дека ќе го направите последниот чекор кој е потребен за да го почнете процесот на зачленувањето во Европската Унија.

Исто би сакале да се заблагодариме за големата поддршка која и ја давате на Украина, за да можат да ја победат оваа војна. Ви благодарам повторно и се гледаме во блиска иднина” рече Калас.

 

Поврзани новости