493
Вчера вечерта во Тетово, жител на Џепчиште бил лишен од слобода, откако кај него бил пронајден и одземен хероин, велат од МВР.
„На 07.04.2019 околу 22.20 часот во Тетово, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово од слобода го лишиле Р.В.(34) од тетовското село Џепчиште. При преглед кај него бил пронајден и одземен хероин. По документирање на случајот, против Р.В. ќе биде поднесен соодветен поднесок“, додаваат од МВР.