468
Во домовите на двајца повозрасни кавадарчани, на возраст од 81-година и 74-полицијата пронашла пиштоли и рамки полни со куршуми.
-На 01.02.2019 година во периодот од 09.00 до 10.00 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домовите на Д.М.(81) и М.М.(74) на улица „Пионерска“ во Кавадарци. При претресот во домот на М.М. биле пронајдени и одземени еден пиштол „ВЗОР“ 50 калибар 7,65 мм и рамка со осум куршуми, кој го поседувал без дозвола. При претресот во домот на Д.М. биле пронајдени и одземени еден пиштол со куршуми, кој го поседувал без дозвола и еден пиштол со куршуми, кој го поседувал со дозвола. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВТ.
Еден ден претходно полицијата направила претрес и во домот на 69-годишен велешанец, кај кого исто така пронашла оружје.
-На 31.01.2019 година во периодот од 07.00 часот до 08.30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во куќа на улица „Киро Рогужаров“ во Велес, која ја користи лицето Б.К.(69) од Велес. При претресот биле пронајдени и одземени пиштол „Pietro Beretta“ калибар 7,69 мм, една рамка за пиштол со осум куршуми калибар 7.69 мм, пиштол непозната марка со дрвена рачка, една рамка за пиштол со седум куршуми калибар 7,65 мм и една кутија со 17 куршуми калибар 7,65 мм. По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.