0
МВР информира дека синоќа околу 20.30 часот на автопат „Пријателство” во близина на с. Табановце од страна на Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, запрено е патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на Ј.Р. од с. Студеничани, во кое се превезувале мигранти.
Возачот се дал во бегство, а во возилото се пронајдени девет лица – мигранти, од кои четири малолетни.
Шестмина од мигрантите се од Сирија, и по еден од Иран, Ирак и Палестина.
Тие се пренесени во Транзитен центар-Табановце, а се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.