Кај кои фирми легнале парите од државна помош за исплата на плати од 14.500 денари?

by Fokus

Телевизијата Телма дојде до листата на фирми кои добиле финансиска помош од државата за исплата на априлската плата од 14.500 денари за справување со последиците од Ковид 19.

Државни пари – околу 106.000 евра легнале на сметката на Брако од Велес, каде што се врати поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев откако одлучи да се посвети на бизнисот наместо на политиката.

На листата со фирми кои имале големи исплати е и Аџибадем Систина на Орце Камчев која добила 142.000 евра. Меѓу компаниите кои земале по над 100.000 евра се многу обложувалници и казина.

Поврзани новости