Кај клучка Илинден се судрија полициско возило и автомобил управуван од кумановец

by Fokus

МВР информира дека вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, во близина на клучката „Илинден“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со словенечки национални ознаки, управувано од С.Ш.(78) од Куманово и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости