605
Угостителските објекти ќе се отворат на почетокот на следната недела, после празниците, доколку в петок се добие позитивно мислење од Комисијата за заразни болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
„Доколку не биде донесена одлука в петок, отворањето на угостителските објекти сигурно ќе биде во текот на првите денови од неделата“,рече Филипче.
Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека предлогот за угостителските објекти е да бидат отворени само терасите, и тоа на десет квадратни метри да има само една маса со четири гости, што според него би било економски неисплатливо за дел од угостителските објекти.