468
Цените на угостителските услуги се зголемени за 14,8 отсто во споредба со истиот период минатата година. Менијата во рестораните и кафаните се секој месец со повисоки цени. Во споредба со јануари, во февруари се бележи зголемување за 0,1 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари во споредба со јануари зголемување на цените е забележано во групите Алкохолни пијалаци за 0,5 и Безалкохолни пијалаци за 0,3 отсто.
Цените на угостителските услуги, пак, во првите два месеца од годинава година се зголемени за 14,8 отсто во споредба со истиот период од минатата година, додека во однос на декември 2022 година цените за зголемени за 0,7 отсто.