Портпаролот и пратеник на СДСМ Дарко Каевски изјави дека владејаќката СДСМ нема намера да се меша во внтрепартиските кавги на ВМРО-ДПМНЕ и дека нема амнестија за поранешниот претседател на ова апартија и поранешен премиер Никола Груевски.
-Внатрепартиските проблеми во ДПМНЕ очигледно се големи. СДСМ нема намера да се меша во меѓусебната пресметка во ДПМНЕ и анти-ЕУ кампот. Мицковски да не остави надвор од внатрешните поделби и сам да си ги решава кавгите во ДПМНЕ. Особено што токму Христијан Мицкоски треба да одговори за диловите со Груевски.
Дали на овој начин Мицкоски ги прикрива барањата за амнестија на негови сопартијци, заради незадоволство токму од него?, изјави Каевски.
Тој рече дека владејаќката СДСМ нема да дозволи никој повторно да ја земе државата како заложник.
-За Никола Груевски нема да има амнестија и ќе биде уапсен во истиот моментот кога ќе стапне во земјава.
Но, нема дилема дека Груевски сепак е вистинскиот лидер на ДПМНЕ, и затоа Мицковски е толку нервозен. СДСМ ќе направи се и нема да дозволи Мицковски или кој било повторно да ни ја земе државата како заложник. Заедно со граѓаните и со проевропските политички партии ќе продолжиме да се бориме за европска Македонија додека не ја достигнеме државната цел за членство во ЕУ, изјави Каевски.