591
Дарко Каевски од СДСМ во гостувањето во ТВ Сител истакна дека цената на струјата скокнала токму во времето кога Христијан Мицкоски бил советник за енергетика во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
„Државата се соочува со светска, економска и енергетска криза, но само за илустрација за тоа колку е контрадикторен се докажа и зголемувањето на цената за 100% кога Христијан Мицкоски беше советник за енергетика во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ пред десетина години. Тогаш кога немаше таква криза цената се зголеми за 100 проценти па оттука сите напаѓања, сите тврдења кои ги имаше господинот Христијан Мицкоски се неточни, сето она што го говореше е во една друга спротивна насока“, вели Каевски.