Постапката за уставни измени се очекува да влезе некаде во првата половина на следниот месец и во наредните 10-15 дена да започне постапката, рече Дарко Каевски од СДСМ во емисијата „24 анализа“
„ Согласно роковите се очекува во јули да започне постапката за уставните измени. Ќе започне постапката, но првото гласање ќе биде согласно процедурите и роковите во Собранието. Ние сме оптимисти согласно последниот став од лидерската средба, променетиот став на ВМРО-ДПМНЕ дека е подготвено да влезе во влада под одредени услови кои за нас се прифатливи“, изјави Каевски.
Тој рече дека очекуваат во наредните денови дијалогот да продолжи, бидејќи и премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски овие денови беа во посета на меѓународни странски политичари кои се директно вклучени во овие процеси.
„Очекувам разговорите да продолжат на линија СДСМ-ВМРО-ДПМНЕ и она каде застанавме на лидерската средба со конкретни чекори ќе пристапиме и ќе дојдеме до потребните 80 пратеници, потребни пред првото гласање“, рече Каевски.