„Листата на ДПМНЕ е листа за блокада, за откажување и враќање назад во изолација. Тие што го блокираа европскиот пат на земјата, тие што спроведуваа активна блокада на Собранието, се повторно на изборнaта листа на ДПМНЕ. Над 80% се истите пратеници“ рече денеска на прес-конференција Дарко Каевски од СДСМ.
Тој вели „Граѓаните беа сведоци на блокадите, одолговлекувањата, бесмислени реплики, штанцањето илјадници амандмани во македонското Собрание. Не се закажуваа седници и не ставаа на дневен ред клучни закони во парламентарните комисии, предводени од опозицијата“.
„Се лупаше и се тропаше во Собранието за да попречи европскиот пат на земјата. Во време на криза ја блокираа помошта за граѓаните и компаниите. Беа против минималната плата и раст на платите. Беа и се уште се против членството на државата во ЕУ. Со истите лица на изборната листа Белата палата потврдува дека со ДПМНЕ е можно само враќање назад. Во ДПМНЕ нема никаква промена и не можат да донесат никакви промени на подобро, напротив“ порача Каевски.