Каевски: На сите им е јасно дека апсењето на Салиу е обид за замолчување и заплашување

by Fokus

„ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО на најбезобразен, брутален начин со апсење на новинарот Фуркан Салиу. СДСМ го осудува овој недемократски чин и бара негово ослободување веднаш. На сите им е јасно дека ова е обид за замолчување и заплашување, откако новинарот објави афера директно поврзана со ДПМНЕ“ рече портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски на прес-конференција.

Тој додаде дека началниците назначени од Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ дале наредба за апсењето на новинарот Салиу.

„Ова е загрозување на слободата, на демократијата, на слободата на говор, загарантирана со Устав. Директен, брутален притисок врз независните новинари, врз оние кои истражуваат и работата за јавниот интерес“ рече Каевски.

Портпаролот на СДСМ додаде дека за седум години власт на СДСМ, не само што нема уапсен новинар, туку Владата донесе и низа законски решенија со кои се гарантира заштитата на новинарите.

„ДПМНЕ само за 2 месеци покажа како мисли да ја практикува власта доколку ја добие, со сила. Во демократска држава во април мириса на пролет а со ДПМНЕ на чело на МВР кај нас мириса на режим“ рече Каевски.

Поврзани новости