685
Дарко Каевски, потпретседател на СДММ се обрати на протестот на Шарената Револуција во Делчево.
Според него, власта пробала да се сокрие позади срамната аболиција на фикусот Иванов, но не им успеало!
– Пробаа да се сокријат позади народот, но токму народ им се случува секојдневно!
Јас не се помирив што моите другарки и другари од Делчево отидоа по белиот свет и мака мачат да заработат некој денар. Јас не се помирив што имаат лебарки по студентските домови, што растат печурки по ѕидовите, а градовите останаа пусти, без млади луѓе. Дојдено е времето кога кажуваме ДОСТА Е. Не има се повеќе, храбри и одлучни луѓе кои се одважија и тргнаа да си ја вратат слободата, да ја вратат Македонија на европските патеки.