Мицкоски како најнеуспешниот директор и претседател на Управниот одбор на некогашен АД ЕЛЕМ за само десет месеци, во периодот од септември 2016 до август 2017 година, од буџетот инкасирал над 1,9 милиони денари или над 31.000 евра. Ова го истакна пратеникот и портпарол на владејачката партија СДСМ, Дарко Каевски.
„Како советник на Никола Груевски и Емил Димитриев за енергетика во периодот од април 2015 до октомври 2016 година, секој месец добивал хонорар од 1.100 евра или за вкупниот ангажман Мицкоски добил околу 20.00 евра пари од граѓаните. Тоа е потврдено и со официјални документи. Дали од овие народни пари, Мицкоски си изгради хидроцентрала и основаше компании? Во наредните денови јавноста ќе дознае и за други лица, блиски соработници на Мицкоски кои паразитски се богателе на сметка на граѓаните“, истакна Каевски.