Каевски: Мицкоски и ДПМНЕ имаат можеби последна шанса да се престројат

by Fokus

Ги повикуваме сите политички партии, а особено ДПМНЕ да дадат поддршка на овој важен документ за европската иднина – Манифестот за преговорите со ЕУ, рече денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

„Следствено на манифестот треба да се случат и уставните измени зад кои треба да застанат сите политички партии и пратеници кои и мислат добро на државата. Прозорецот на можности Христијан Мицкоски да се приклучи на европскиот блок полека се затвора. Мицкоски и ДПМНЕ ја имаат можеби последната шанса да се престројат на страната на државните и националните интереси“ порача Каевски.

Пратеникот од владејачката партија смета дека „со поддршката на Манифестот и на уставните измени ДПМНЕ и Мицкоски на дело ќе покажат дека се за европската иднина на државата. Во спротивно, ќе покажат дека сите оние декларативни заложби за ЕУ биле само обичен блеф пред граѓаните, пред домашната и меѓународната јавност“.

 

Поврзани новости