318
Христијан Мицкоски не може да ги оправда неговите анти ЕУ и антизападни политики. Нема ниту еден аргумент зошто ДПМНЕ го блокира европскиот пат на земјата и членство во ЕУ, изјави пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.
„Ова е најголема потврда на фактот дека Мицкоски е против ЕУ а актуелното ДПМНЕ е антизападна партија. ДПМНЕ нема поддржано ниту една одлука за евро-атланските интеграции на земјава. Сосема спротивно, правеше сè за да ја блокира европската иднина на земјата.
Под заложништво на проруската Левница организира протести против европскиот предлог, хистерично ширеа лаги за бугаризација и асимилација. Лажно тврдеа дека македонскиот јазик ќе биде бугарски дијалект, а не гласаа за ратификација на договорот ФРОНТЕКС, како прв договор потпишан на македонски јазик“ рече Каевски.
Тој го обвини Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека не го поддржале ниту Преспанскиот Договор, ниту членството во НАТО.
„Цели 11 години ДПМНЕ ја држеше земјата во изолација, надвор од ЕУ и НАТО а денеска е главен кочничар на европската интеграција. Тоа се фактите, ДПМНЕ е анти-ЕУ и антизападна партија.
Членство во ЕУ значи поголеми плати за работниците, поголеми пензии, подобар животен стандард, пристап до пазар од 500 милиони жители“ рече Каевски и порача дека СДСМ ќе направи сѐ за да државата да оди напред, граѓаните да живеат во европска држава, со европски животен стандард.