Ковачки е познат манипулатор, неколкупати фатен како шири лажни вести, последниот пат за самитот на ОБСЕ.
Очигледно обидите за манипулација, поткопување на истрагата, изопачената потреба да го злоупотребуваат случајот со смртта на Вања е поради средбите на Мицкоски со Палески за кои се молчи, изјави портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски по обвинувањата од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки кој тврди дека системот „Безбеден град“ го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања на 24 и 25 ноември во Маџари и на 27 ноември кај хотелот „Александар Палас“.
-Јавноста многу добро знае дека радикалните ставови на Палевски беа алатка на ДПМНЕ и нивните сателити. Палевски беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ, јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица. Бидејќи Мицкоски со денови молчи еве Ковачки нека излезе пред граѓаните и нека одговори за средбите на Мицкоски со Палевски. Што се договарало на тие средби?, прашува Каевски.
Ковачки го обвини министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски дека излажал кога кажал дека возилото на Панче со кое е киднапирана Вања, не било регистрирано во системот на камери „Безбеден град“ пред 27 ноември, односно пред денот на убиството.