454
Во тек е седницата во Собранието за реконструкција на Владата на Македонија, каде атмосферата е тензична си низа препукувања помеѓу пратениците од сите партии.
Дарко Каевски од СДСМ упати порака кон ВМРО-ДПМНЕ и пратеникот Никола Мицевски – покажете што сработивте во изминатата година.
„Ќе си пукнете од мака од успесите на оваа Влада. Зошто вие не излезете со документи да докажете што сработивте. Чесно е. Една година локална власт, не направивте ништо. Ветувавте се и сешто. Добро е дебатата да ја водиме низ бројки. Оваа Влада е силно посветена на кризата, во комуникација со граѓаните, коморите, економијата. Кога напаѓате, да говориме со бројки и аргументи“, заврши Каевски.