Каевски ја крие „дивоградбата“ во Волково во анкетниот лист, обвини Стоилковски

by Фокус

Цела недела СДСМ и од нив раководените државни институции коишто треба да се борат со корупцијата и да работат на градење правна држава со кредото „нема повластени пред законот“, молчат за случајот „Дивоградба во Волково“ во кој е вмешан Дарко Каевски, истакна Наум Стоилковски.

-Обидот за забошотување на случајот веројатно се должи затоа што станува збор за Каевски, сега пратеник и портпарол на СДСМ. Со 3 години директорска плата во Агенцијата за млади и спорт, во 2020-та година несразмерно го зголемува семејниот имот. Каевски по цела недела прозивки, не посочува документи, дозвола за градење – рече Стоилковски.

Воедно, тој додаде:

„На местото на стара легализирана куќарка од неполни 40 м2, во 2020-тата година никнува луксузна хациенда во медитерански стил со базен. Сателитските снимки од алатката Гугл се доказ за градежната активност во 2020-та година, дека се работи за целосно нов објект, а стариот целосно е срушен…“.

Поврзани новости