953
Пратеникот од редовите на СДСМ, Дарко Каевски е избран за потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа, информираат од СДСМ.
-Потпретседателите го менуваат претседателот кога тој не е во можност да заседава со седницата, а по функција се и членови на Бирото на Собранието – тело кое ги координира активностите на Собранието и на комисиите. Каевски исто така е и шеф на делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание. Овие денови Парламентарното собрание на Советот на Европа ја одржува редовната зимска сесија каде на дневен ред се повеќе важни за државите во Европа, соопштија од СДСМ.