Пратеникот на СДСМ Дарко Каевски, на денешната собраниска седница за избор на нова влада истакна дека следната влада предводена од Димитар Ковачевски ќе се справува со низа предизвици што претстојат. Според него, владата треба да го доврши цел мандат.
-На изминатите локални избори, граѓаните гласаа за градоначалници и советници. Претходно, на парламентарни избори граѓанте одбраа централна власт со мандат од 4 години – рече Каевски, истакнувајќи дека не се потребни прдвремени парламентарни избори.
Во полемика со Каевски, влезе пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков, кој истакна дека власта на изминатите локални избори го загубила легитмитетот. Според него, оваа 2022 година дефинитивно ќе биде изборна година.
-Заборавате дека и локалните и парламентарните избори се непосредни избори и гласаат граѓаните, а вие на локалните избори го загубивте легитимитетот да владеете. Разликата е што порано го споменувавте Зоран Заев, а денеска тоа е Ковачевски – реплицираше Лефков.
Во контрареплика, пак, Каевски возврати дека желбата на ВМРО-ДПМНЕ е можеби да го врати Никола Груевски, но, како што порача, нема да дозволат ниту Груевски да се врати, ниту Христијан Мицкоски да продолжи со старите политки на поделби и стагнација.