За Никола Груевски нема да има амнестија и ќе биде уапсен во истиот моментот кога ќе стапне во земјава. Но, нема дилема дека Груевски сепак е вистинскиот лидер на ДПМНЕ, и затоа Мицковски е толку нервозен, изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски на денешната прес-конференција.
Според него, внатрепартиските проблеми во ДПМНЕ очигледно се големи, но вели дека СДСМ нема намера да се меша во меѓусебната пресметка во ДПМНЕ и анти-ЕУ кампот.
-Мицкоски да не остави надвор од внатрешните поделби и сам да си ги решава кавгите во ДПМНЕ. Особено што токму Христијан Мицкоски треба да одговори за диловите со Груевски. Дали на овој начин Мицкоски ги прикрива барањата за амнестија на негови сопартијци, заради незадоволство токму од него? Политиката на блокада на Мицковски е само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни од него, рече Каевски.