„Освен тоа што ништо не работат и за 2 години резултатите им се нула, локалната власт на ДПМНЕ ја тресат серија скандали. Општина Штип пак со ДПМНЕ ја тресе афера на кумско-семејна врска во јавните набавки. Ова е тој Договор за јавна набавка на ЈП Исар Штип, вреден 20.000 евра. Фирмата која го има добиено тендерот е во сопственост на Зоранчо Глигоров, а управител, односно директор е неговата сопруга. Е сега, зет за ќерка на ова семејството Глигорови е кумашинот на градоначалникот на Штип од ДПМНЕ, Методи Јорданов“.
Ова денеска на прес-конференција го изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на владејачката СДСМ.
„Освен што е кумашин на градоначалникот од ДПМНЕ, Методи Јорданов е член и на Управниот одбор на истото претпријатие кое го доделува тендерот, ЈП Исар од Штип.
Кумашинот на градоначалникот член на Управниот одбор на јавното претпријатија а таткото на кумашинката на градоначалникот го добива тендерот. Во Зрновци под капата на ДПМНЕ се случуваат скандалозно, бизарно и нелогично трошење на народните пари. Директорка назначена од ДПМНЕ преку сметка на основното училиште во Зрновци купила, внимавајте, гејмерска столица од 9.999 денари, хибриден брич од 6.374 денари и смути блендер. Градоначалникот на Кисела Вода од ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски може да го видиме на слики со скап часовник. Според јавно достапните информации, објавени и во медиумите, часовникот чини 8.000 евра. Од каде му се 8.000 евра на Ѓорѓиевски за толку луксузен саат? Колку пари има заработено Орце штом може да си дозволи луксузен саат вреден илјадници евра. Еве почитувани граѓани, кадрите на Мицкоски ДПМНЕ што прават со парите на граѓаните. Нема никаква промена во ДПМНЕ, како што владееа 11 години сега така се однесуваат во 40 општини како локална власт“ – рече Каевски.