Кадровските смени, една од темите на денешната седница на Владата

by fokus

Владата денеска ќе ја одржи својата 18. седница со почеток во 18 часот, на која ќе се разгледаат и ќе се донесат повеќе одлуки во однос на извештаи од работата на повеќе јавни државни претпријатија и агенции и неколку предлози за кадровски решенија.

„На денешната седница Владата ќе разгледа и констатира состојби за напредок на земјата во процесот на европска интеграција, користење и имплементација на ЕУ-фондовите и статусот на реализација на приоритетите на Република Македонија за влез во НАТО, а ќе ја разгледа и информацијата за имплементацијата на Рамковниот договор“, се вели во соопштението на Владата.

На денешниот дневен ред пред министрите ќе се најде и предлог-законот за ратификација на спогодба за соработка помеѓу Владата  и Советот на министрите на Босна и Херцеговина во процесот на пристапување во Европската Унија.

Поврзани новости