474
„Вкупно 33 здравствени установи денеска добиваат нови директори. Кадровските смени ќе продолжат до крајот на неделава“, рече заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски.
Чакаровски одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека не знае кои директори остануваат на своите функции, но најави дека наскоро ќе бидат објавени и тие информации.
До петок, како што кажа заменик министерот за здравство, Министерството за здравство ќе ги спроведе сите кадровски промени.