Кадровски промени и во комисијата со Грција

by Fokus

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека на следната владина седница или на таа по неа ќе се знаат новите членови на македонскиот тим од мешовитата комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија.

– Деновиве очекувам да се видам со министерот за надворешни работи и надворешна трговија. Тој е сега надвор од државата, мислам дека вчера беше во Блед, денеска во Белград, а потоа оди на друго место. Кога ќе се видам, ќе ги прецизираме. Има некои идеи, има некои размисли. Мислам дека на следната или по таа владина седница ќе помине новиот состав на комисијата која што преговара за историските прашања со нашиот источен сосед, па и со нашиот јужен, изјави Мицкоски по почетокот на изградба на фабрика за литиумски батерии во ТИРЗ Скопје.

Поврзани новости