ВМРО-ДПМНЕ од една страна ја партизира државата со стари кадри а од друга страна на високи државни позиции назначува кадри по пaртиски клуч без основно, елементрано познавање на областа за кои се назначуваат, реагираат од СДСМ по објавата на Владата на имињата на новите заменици министри.
„Последен пример е предлогот за заменик министер во Министерството за внатрешни работи, Мицкоски го предлага Астрит Исеини, кој дипломирал на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а се стекнал и со титулата доктор по Кинезиологија, како вонреден професор.
Каква врска има физичкото образование, Кинезиологијата со полицијата и внатрешните работи?
Гледаме класичен кадровски дебакл на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Единствен критериум е партиската припадност. Нити има свежи кадри нити професионалци ниту пак луѓе со соодветно познавање на областите“ велат од СДСМ.