898
Началниците кои ги назначи министерот за внатрешни работи во техничката влада, Наќе Чулев си заминаа, а од денеска повторно се вратени на старите раководни функции 14 раководни лица на исто толку организациони единици во министерството, кои беа на овие позиции и пред формирањето на техничката влада, соопшти Министерството за внатрешни работи.
На раководни позиции се враќаат следниве раководители:
- ТОНИ ЈАКИМОВСКИ – НАЧАЛНИК на СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ СКОПЈЕ во Биро за јавна безбедност
- САШО СМИЛЕСКИ – НАЧАЛНИК на СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ОХРИД во Биро за јавна безбедност
- МАРЈАН КОЦЕВ – НАЧАЛНИК на СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ШТИП во Биро за јавна безбедност
- СЛАВКО ЈОВАНОСКИ -НАЧАЛНИК на СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ БИТОЛА во Биро за јавна безбедност
- ИГОР КАРАВИЛОСКИ- НАЧАЛНИК на ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ПРИЛЕП во СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ БИТОЛА во Биро за јавна безбедност
- ЗЛАТЕ ЈАНЕВСКИ -НАЧАЛНИК на СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ВЕЛЕС во Биро за јавна безбедност
- ТАНЧО ПРОЈКОВСКИ- НАЧАЛНИК на СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ СТРУМИЦА во Биро за јавна безбедност
- СТОЈАНЧЕ ВЕЛИЧКОВИЌ- НАЧАЛНИК на СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ КУМАНОВО во Биро за јавна безбедност
- ДЕЈАН АНДОНОВ – ПОМОШНИК НА МИНИСТЕРОТ НА ОДДЕЛ ЗА ВНАТРЕШНА КОНТРОЛА, КРИМИНАЛИСТИЧКИ ИСТРАГИ И ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИ
- БРАНКО ТРАЈАНОВСКИ – НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛ ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ПОЛИЦИСКИ ОПЕРАЦИИ во Биро за јавна безбедност
- МИТКО ДАНЕВСКИ – КОМАНДАНТ НА ЕДИНИЦА ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ЗАДАЧИ ВО ОДДЕЛ ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ПОЛИЦИСКИ ОПЕРАЦИИ во Биро за јавна безбедност
- ЛАЗО ВЕЛКОВСКИ- НАЧАЛНИК на ОДДЕЛ ЗА СУЗБИВАЊЕ НА ОРГАНИЗИРАН И СЕРИОЗЕН КРИМИНАЛ во Биро за јавна безбедност
- ПРИМИСЛАВ ДИМОВСКИ- НАЧАЛНИК на ЕДИНИЦА ЗА ИНТЕРВЕНТНА ПОЛИЦИЈА во Сектор за внатрешни работи СКОПЈЕ во Биро за јавна безбедност
- 14.МАРЈАН ЗДРАВКОВСКИ -ПОМОШНИК НА МИНИСТЕР НА ОДДЕЛ ЗА ИНФОРМАТИКА И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ