„Кадировци“ слават, Азов не ја дава челичарницата

by Фокус

Чеченскиот водач Разман Кадиров на Телеграм објави видео од чеченски борци пред запазена зграда во Мариупол, истакнувајќи дека градот „конечно паднал“ и дека се „ чисти од украински нацисти“.

Но, се огласи еден од командантите и заменик-врховен командант на украинската единица Азов, Свјатослав Паламар, кој за Вашингтон пост се јави од челичарницата во Мариупол, која е последно украинско упориште во разурнатиот град.

Тој рече дека украинските маринци и одредот „Азов“ биле опколени во фабриката за челик Азовстал, но дека тие продолжуваат да пружаат отпор и да се бранат.

Паламар рече дека го одбиле рускиот напад и дека никој не им го предал Мариупол на Русите.

Приказната на Паламар е сосема спротивна од она што го кажа Путин.

Паламар вели дека украинските борци во Азовстал оштетиле руски воени возила.

Според него, руските сили се обидувале да упаднат во фабриката за челик, но украинските ловци уништиле три тенкови, две борбени возила на пешадијата, оклопен транспортер и многу пешадија.

-Непријателот не можеше да го заземе Азовстал. Ние сме тука, сè уште никој не го предал Мариупол – рече Паламар, признавајќи дека неговите трупи се без сила.

Тој додаде дека војниците треба да бидат евакуирани во трета земја која би била безбедно засолниште за борците.

Поврзани новости