Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, тврди дека пристигнал во Украина. Во видео-порака објавена преку апликацијата „Телеграм“ Кадиров вели дека пред неколку дена се наоѓал во непосредна близина на непријателските сили во Украина на место каде што се воделе жестоки борби меѓу руските и украинските сили.
-Пред некој ден бев на околу 20 километри од вас, киевски насцисти, а сега сме уште поблиску…Ќе додадам уште една интрига: можеби сме веќе во Киев и само ја чекаме потребната наредба, вели Кадиров.
Chechen TV reports that Ramzan Kadyrov is in Ukraine with his special forces.
Ukrainian intelligence agencies have stated that they are out looking for Kadyrov.
Make the world a favor Ukraine!
— Visegrád 24 (@visegrad24) March 14, 2022
Тој истовремено упати закани до украинското раководство со повик да ја смени страната.
-Можете да се опуштите на минута и да не не барате, ние по секако ќе ве најдеме, продолжува Кадиров кој е лојален соработник на рускиот претседател Владимир Путин.
Кадиров повеќе од десет години суверено владее со руската Република Чеченија. Граѓанските активности го обвинуват за чести кршења на човековите права, со произволни апсења и нарачани убиства.