Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров предложи САД да ги укинат санкциите против неговото семејство во замена за украинските затвореници.
Списокот со затвореници му го предал на поранешниот американски разузнавач Скот Ритер, кој ден претходно пристигнал во Грозни.
„Имам интересна понуда за нашиот гостин. Имаме затвореници кои ги зедовме од Доњецк, Луганск. На нашиот гостин му го давам (списокот). Ако ги укинат санкциите против мајка ми, моите ќерки и невините луѓе, коњите … освен на мене… тогаш ќе ги предадеме тие луѓе“, рече Кадиров, пренесе РИА Новости.
Kadyrov asks the US to lift sanctions against him and his family in exchange for captured Ukrainians.
For his show,the terrorist invited American Scott Ritter,a propagandist previously convicted of pedophilia.#UkraineWarNews #UkraineWar #UkraineRussianWar #ArmUkraineNow #Ukraine pic.twitter.com/ZySveilfeZ— ⚔️ Hunter UA ✠ 🇺🇸🇺🇦 (@UaCoins) January 5, 2024
Исто така, беше прикажана и видео порака од затворениците кои бараа отстранување на „апсурдни санкции кои не влијаат на ништо“ против роднините на Кадиров, неговите коњи и неговиот авион.
„Доколку ги исполнувате овие услови, 20 украински војници ќе се вратат во своите домови“, вели еден од нив на видеото.