Кадиров: Размислете пред да ја направите најфаталната грешка во историјата

by Fokus

Рамзан Кадиров – чеченскиот лидер го повика Израел да ја запре ескалацијата на конфликтот со Палестина и да размисли двапати пред да ги испровоцира муслиманите ширум светот.

„Ако израелскиот режим мисли дека Палестина е сама и дека можат да прават што сакаат со неа, тие се во сериозна грешка“, рече Кадиров во објава на каналот Телеграм.

„Не ги провоцирајте луѓето. Немојте да се потсмевате и да ги поттикнувате муслиманите ширум светот да се одмаздат. Тоа ќе ве чини илјада пати повеќе од потенцијалната добивка на која се надевавте. Размислете пред да направите една од најголемите и најфатални грешки во вашата историја“, додаде тој.

Според него, Израел си дозволува премногу и „се заканува да избрише цел народ од мапата“.

Поврзани новости