„Билд“ потсетува дека имало многу шпекулации за здравјето на Кадиров, особено од почетокот на војната во Украина.
Доста се здебели, делуваше многу подуено и често не можеше да ги отвори очите на видеата. Потоа се зборуваше за можен проблем со бубрезите, наведува германскиот медиум.
Кадиров, кој е верен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, наводно верувал дека бил отруен. Телеграмскиот канал „VChK-OGPU“ пишува дека неговите следбеници го убедиле во тоа. Неговиот личен лекар Сулејманов, кој беше и вицепремиер на Чеченија, наводно му дал одредени инјекции, а Кадиров верувал дека од нив му било полошо.
Како резултат на тоа, Сулејманов беше разрешен преку ноќ во октомври 2022 година, како вицепремиер. Официјалната изјава тогаш беше дека тој доброволно поднел оставка.
Се шпекулира дека оттогаш не е виден, додека каналот Телеграм наведува дека бил брутално убиен.
Оттогаш, нема знаци на живот на неговиот инаку активен профил на Инстаграм.
Во пустинската метропола Кадиров неколкупати бил лекуван поради наводно труење, пренесува каналот Телеграм.
За мистериозното исчезнување на Сулејманов на Твитер напиша и украинскиот функционер Антон Герашченко.
Russian media report that Kadyrov, worried and frightened by a sudden worsening of his health condition, accused his personal doctor, Elkhan Suleimanov, who also served as deputy prime minister, of trying to poison him.
The doctor disappeared without a trace from October 2022,… pic.twitter.com/lozxKEo21D
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 10, 2023
Тој потсетува дека руските медиуми објавија дека Кадиров, загрижен поради наглото влошување на неговата здравствена состојба, го обвини својот личен лекар Сулејманов дека се обидел да го отруе.
Тој додава дека лекарот исчезнал без трага во октомври 2022 година, бил отстранет од сите позиции и жив закопан.
Последната објава на Сулејманов на Инстаграм датира од октомври 2022 година, и покрај фактот што тој речиси секојдневно го ажурираше својот профил. Тој, исто така, не беше виден долго време ниту во московските образовни институции, кои често ги посетуваше, ниту во Чеченија.
Засега нема официјална потврда дека Сулејманов е мртов.