Кадиров: Новата област во Грозни ќе се вика Владимир Путин

by Fokus

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на својот канал Телеграм објави дека новата област на градот Грозни ќе го носи името на рускиот претседател Владимир Путин.

„Запознаен сум со текот на работите во централниот дел на градот. Овде е започнат голем проект, а кога ќе се заврши ќе имаме нов кварт. Ќе го носи името на нашиот народен лидер, најистакнатa политичка фигура на нашето време, претседателот Владимир Путин“, објави Кадиров на Телеграм, пренесуваат руските медиуми.

Кадиров рече дека областа ќе се наоѓа на површина од над 200 хектари, пишува РИА Новости. Покрај 130 станбени згради, има и повеќе од два милиони квадратни метри станбен простор, каде ќе се градат џамии, градинки и други објекти од социјалната инфраструктура.

„Одлуката да се именува нова населба во Грозни во чест на Владимир Путин е донесена како знак на длабоката благодарност на чеченскиот народ и желбата да се овековечи неговото име“, објави чеченскиот лидер.

Поврзани новости