368
Рамзан Кадиров, сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, ги осуди постапките на шефот на платеничката група Вагнер, Јевгениј Пригожин.
Кадиров преку каналот Телеграм изјави дека можело да дојде до крвопролевање.
„Сега сè заврши мирно, без крвопролевање, но тоа можеше да се случи“, рече тој.
Тој додаде дека ќе бидат потребни „екстремни мерки“ за да се запре каков било бунт на Вагнер.
„Ароганцијата на една личност може да доведе до такви опасни последици и да вовлече голем број на луѓе во конфликтот“, истакна чеченскиот лидер.
Кадиров го обвини Пригожин за „мешање на бизнис амбициите со прашања од национално значење“.