488
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров преку социјалните мрежи ги повика сите муслимани и христијани да се здружат во, како што рече, „светата војна“ против Украина, и на крајот ја изрази својата желба за смрт на себе и на неговите деца.
„Ги повикувам сите муслимани во Чеченија, ајде да направиме баталјони заедно. Ќе ве снабдувам, ќе ве облечам, ќе ве вооружам. Да се борите, да ги браните интересите на нашиот сакан пророк, Куранот, државата, суверенитет“, вели Кадиров во видео-порака.