Предметот “Рекет” е конструиран да послужи како одбрана за случајот “Империја”. Ова по завршувањето на денешното рочиштебза случајот “Рекет”, во кој обвинети се Катица Јанева и Бојан Јовановски, го кажа Дељо Кадиев, адвокатот на поранешната специјална обвинителка
-Ставот на Јанева, а и на целата нејзина одбрана е дека овој предмет е конструиран да послужи како одбрана за случајот ‘Империја”. И се труди да се прикаже како барање на рекет, а всушност ќе имате можност да видите дека е давање на поткуп, прво од сопругата на Камчев, а потоа веројатно и од Орце Камчев , истакна Кадиев.
Тој искоментира дека снимките кои денеска се слушале во судница, биле сомнителни, односно не може да се утврди нивната автентичност и станувало збор за повеќе разговори, кои биле прекинувани.
-Станува збор за снимки кои се обезбедени на незаконски начин, додаде адвокатот.
В.В.