Каде во приказната на Диме Спасов исчезна лицето што се пријави дека возело?

by fokus

Дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов по четири дена, денеска реши да се појави на ТВ Нова за да ја раскаже својата страна на приказната со сообраќајната несреќа и бегањето од полицијата.

Тој раскажуваше како возел и бегал од лица кои го следеле и му се заканувале по неговиот живот. Се наметнува прашањето што се случи со првата верзија на приказната, односно со обидот друго лице да се пријави дека го управувало возилото и да ја преземе одговорноста.

Според полицискиот извештај, ноќта по сообраќајната несреќа откако Диме Спасов избегал, на местото се појавило лицето М. Т. и на полициските службеници им пренел дека возилото Туарег било управувано од негова страна.

-Од дадената изјава на М. Т. може да се констатира дека недоволно ги познавал околностите под кои се случени претходно опишаните сообраќајни незгоди, што наведува на заклучок дека тој не го управувал возилото. Изјавата на М.Т. не кореспондира со изјавата на сопатничката Т. К. и утврдената фактичка состојба на лице место од страна на полициските службеници кои што констатирале дека во возилото се наоѓале само лицата Д.С. и Т. К., стои во полицискиот извештај.

Поврзани новости