328
Најскапа струја плаќаат Германците, каде киловат час чини 40 центи, а по нив следат Ирците, каде еден киловат час чини 38 центи.
На другиот крај од скалата, најевтини се граѓаните на Унгарија и Бугарија, каде што цената на киловат е 11, односно 12 евроценти.
Ако ја погледнеме цела Европа, тогаш најевтино е во Турција со само шест евроценти.
Што се однесува до регионот, граѓаните во Босна и Херцеговина плаќаат осум евроценти, во Србија десет евроценти, Црногорците 11 евроценти, а во Словенија 21 евроценти.
Интересен пример е Норвешка, каде просечната месечна нето плата е 4.465 евра, а киловат час граѓаните ги чини само 19 центи.