Синоќа во Скопје се одржа забавната манифестација ,,Златна бубамара на популарноста”. На 23-то издание на настанот кој секоја година предизвикува големо внимание и се бара влезница повеќе, беа доделени награди во повеќе категории.
Традиционално, следуваа неколку часа исполнети со шеги на сопствена, народна сметка, но и признанија за оние кои во текот на годината се истакнаа со своите дела и ги заслужија громогласните аплаузи на публиката.
За оние кои што пропуштија, настанот ќе се емитува во недела на Канал5 телевизија.
Во прилог, листата на наградените на манифестацијата:
Златна бубамара за инклузивност: Танцово студио „Еурека” за претставата „Пепелашка”
Златна бубамара за најдобра детска тв серија: „Дајте музика”
Златна бубамара за песна за век и векови: „Велигден”, Џокси
Златна бубамара за најдобра пејачка: Тамара
Златна бубамара за хит на годината: Proud, Тамара
Златна бубамара за спортски подвиг: Илина Арсова
Златна бубамара за најдобра сатирична емисија: „Фчерашни новости”
Златна бубамара за трајни музички вредности: „Електричен оргазам”
Златна бубамара за најдобра театарска претстава: „Мој термин”, МНТ
Златна бубамара за најдобар театарски актер: Јордан Симонов
Златна бубамара за најдобра театарска актерка: Тања Кочовска
Златна бубамара за најпопуларна регионална ѕвезда: Јелена Розга
Златна бубамара за животно дело: кавалџијата Ангеле Димовски
Златна бубамара за интернационална награда за животно дело: Раде Шербеџија
Златна бубамара за концерт на годината: Влатко Стефановски
Златна бубамара за животно дело во сферата на филмот: Столе Попов
Златна бубамара за најголем интернационален успех: „Медена земја”
Златна бубамара за амбасадор на македонската култура: „Танец”
Златна бубамара за спортски успех на годината: РК „Вардар”
Златна бубамара за музички продуцент: Мите Димовски – „Тра ла ла”
Златна бубамара за најпопуларен тв проект: „Преспав”
Златна бубамара за тв актерка: Јелена Јованова
Златна бубамара трајни музички вредности во рок музика: Ристо Вртев – „Архангел”
Златна бубамара за трајни музички вредности: група „Галија”
Златна бубамара за пејач на годината: Влатко Лозановски
Вики Клинчарова