КАДЕ ЌЕ ВИ ОДАТ ДУШИТЕ?!

by Fokus

Пишува: Јанаки МИТРОВСКИ

Мега скандалот со крадење на цитостатици од Онкологија одекна во државава и предизвика оправдан револт кај граѓаните. Реално е само последната капка која ја прели чашата по серијата настани во кои угинаа околу стотина наши сограѓани, а за кои постапката е сеуште во тек, се одоговлекува или заташкува, како на пример случајот со модуларната болница во која живи изгореа четиринаесет луѓе и никому ништо.

Во 2016та година се воведува КАТО систем кој треба да следи како се даваат цитостатици, но е во употреба само шест месеци. Во 2017та година новиот директор, кадар на СДСМ без никаква потреба или образложение го исклучува системот, по кој фаќа прашина во подрум , иако за него од наши пари се платиле милион денари.

Зашто некој би сакал да исклучи од употреба ваков систем, сем ако нема јасни коруптивни намери?! Ваков тип на криминал е неможен да се случува и да се провлекува со години само со вина на една медицинска сестра. А јасна е интенцијата натака да се тера работата, нешто налик кабелот од модуларната.

Кривична одговорност сносат сторителите, несомнено тука треба да влезе и менаџментот на болницата, првиот човек на инспекторатот кој не постапувал по пријави, а најмалку политичка одговорност треба да сносат сите министри од 2017та навака, а некој богами и треба да заврши во апс. Најмалку двбе години два сериозни медиуми, неделникот Фокус и
Слободен печат пишуваат за овој скандал и со прст не е мрднато да се сузбие криминалната група.

Граѓаните се организираа на протест, додуша подржан од политичката партија Левица. За жал од приватни работи бев спречен но излегле околу илјада и петстотини луѓе, премала бројка за ваков скандал. Неколку луѓе ги раскажаа своите маки со блиски кои главеле на онкологија. И тука СДСМ си го покажа своето најгрдо лице.

Уште додека имаше повици за протест за време викендот ботовската мрежа на СДСМ по социјални мрежи се обидоа да го минираат и шиканираат протестот. Те Левица го организирала, те ВМРО, те ете имало истрага “прв пат во дваесет години” па зашто сега се протестирало. Па се јавија квази инелектуалци од Јустинијан( читај интелектуални КУРВИ) па не им било јасно зашто се протестирало кога имало постапка, сме ги осудувале луѓето однапред.

Па имајки ги предвид горките искуства, секако дека граѓаните се оправдано загрижени дека кучињата и овој пат ќе лаат а караванот ќе си врви. Ќе заглави некоја медицинска сестра, а големите риби ќе избегаат. Затоа не само што се оправдани протести туку се и нужни. А на оние кои со протести дојдоа на власт нека им служи на чест, ако чест воопшто имаат.

На ова прашање јас и моето семејство сме паталци, не сме гаталци. Мојата мајка почина после седуммесечна борба со рак на дебело црево. Помина пола година на приватна клиника каде сем што не ОГРАБИЈА со баснословни фактури, ама две минути не и го продолжија животот. Во последниот месец лежеше на сега веќе озлогласената Онкологија каде на цел спрат буквално немаше никој од медицински песрсонал, лек ни за мастрав, а сестра ми и татко ми отсуствуваа од работа за да спијат со мајка ми бидејки нема кој да те погледне, додека јас морав да работам за да ги исплатам дебелите фактури на грабежот од приватната клиника.

Тетово не смее да молчи за модуларната болница, Македонија не смее да молчи за неколку незгоди во кој умреа НАШИ луѓе. Премногу комодитет им оставивме на копилињата кои без срам и перде крадат од оние кои умираат. Тврдам дека безмилосно си викаат ај бе и онака ќе умрат овие, небаре тие луѓе не се нечив брат, сестра мајка, татко или дете. Каде ќе ви одат душите гадови?!

 

Поврзани новости