756
До 11 часот, најголема излезност е регистрирана во Новаци, а најмала во Врапчиште.
Според досега обработените податоци, во 11 часот во Новаци излезноста била над 26 проценти.
Потоа, најголема излезност е забележана во Крила Паланка и Вевчани, каде на гласање излезле 10, односно 18 отсто од гласачите.
Најмала излезност, пак, имало во Врапчиште од 4,9 отсто, додека нешто поголема имало во тетовските Боговиње и Жечино од 5,2 и 5,3 отсто.
Што се однесува до општините во Град Скопје, во Кисела Вода, Ѓорче Петров и Гази Баба на гласање излегле околу 11 проценти од гласачите.
Од друга страна, во Сарај излезноста била 5,3 отсто, нешто поголема е во Шутооризари од 6,2 отсто, а во Чаир е 7 отсто.