Каде е бесплатниот превоз на Арсовска, прашуваат од СДСМ

by Fokus

Градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје по подолго време денеска се појави пред јавноста. Но, таа не кажа ниту збор за проектите кои им ги вети на скопјани а не ги реализираше“, реагираат од С ДСМ на пресот на Арсовска.

„Каде е бесплатниот превоз?

Каде се 250 нови автобуси?

Зошто проектите важни за скопјани и започнати пред неколку години се уште стојат недовршени, како мостот во Аеродром, клучката кај Момин поток но и многу други?

Дали Христијан Мицкоски стои зад ова и намерно ги кочи сите започнати проекти за свои бизнис интереси?

Поминаа 10 месеци а градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ нема реализирано ништо од она што беше ветувано пред граѓаните на Скопје“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости