Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска на Светскиот ден на предвреме родените бебиња, истакна дека под итно на Клиниката ѝ се потребни вработувања, особено во одделот за предвреме родените бебиња.
Нагласи дека работат со многу мал број вработени, и дека сестрите и докторите се соочуваат со големи предизвици, оти работат по 24-часовни смени, без можност за одмор, спасувајќи ги животите на бебињата.
„Докторите на тој оддел немаа можност дури ни да го искористат правото на годишен одмор, оти мора постојано да се тука. Вработените макотрпно ја извојуваа оваа победа, овие бројки. Но, треба да се стремиме да го зајакнеме персоналот. Еве последниот месец потпишав три отказни решенија на сестри кои не можеа да го издржат тој предизвик. Таа работа е исклучително тешка. Борбата за живот на деца од 500 и 600 грама е огромна одговорност за вработените. Тие се под силен притисок и од мене и од раководство, секако и од нивната морална одговорност. Не можат да се соочат со тие предизвици и си одат. Имаме вработени кои остануваат на тој оддел, но работата се сведува на млади луѓе кои мора да трчаат цело време“ изјави Јовановска.
Министерот за здравство Меџити пак рече дека во изминатите седум гоини ја намалиле смртноста на предвреме родените бебиња за 74 отсто.